Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочи дека денеска ќе се знае колку ќе изнесува цената на електичната енергија.

Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.

АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

ИЗВОРvrabotuvanje.com.mk
претходниот член,Експресивни творечки осцилации
Следната статијаДенеска сите авиони кои ќе прелетуваат низ Европа ќе бидат одложени, еве зошто:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде