Една нова студија претстави шокантни податоци во кои ќе се препознаат повеќето!

Една нова студија спроведена во Велика Британија покажала дека староста не започнува се додека не наполниме 76 години. Нашите баби и дедовци се чувствуваат најмалку 12 години помлади отколку што всушност се, откри понатамошното истражување на „Treasure Trails“.

Се испостави дека модерните пензионери не веруваат дека всушност се стари додека не навлезат длабоко во седумдесеттите.

Повеќе од една третина од анкетираните пензионери (38% од нив) инсистираат на тоа дека староста не започнува пред да наполните 80 години, а 46% од нив велат дека се чувствуваат поспособни од нивните родители во истите години. 40% од нив тврдат дека „шеесеттите се новите четириесетти“, а секој десетти испитаник верува дека има повеќе енергија од своите деца.

Тајната на долговечноста е во дружењето со внуците?

Многумина од нив причината за својот ентузијазам ја пронашле во поминувањето време со своите внуци.

Една петтина од испитаниците велат дека играњето со внуците помага во одржувањето на веселиот и младешки дух, а две третини (64%) веруваат дека решавањето на различни загатки, квизови и тестови им помогнало да останат ментално стабилни. Според студијата, околу 28% од луѓето на возраст над 60 години вежбаат три или повеќе пати неделно.

А што ве прави стари ако ги прашате милениумците? Има најразлични одговори, а овие „особини“ се нивна асоцијација за „староста“.

  • Користење на готовина
  • Ставање марамчиња во џеб
  • Примање сметки по пошта
  • Елегантен прибор за јадење за специјални пригоди
  • Пишување со хемиско пенкало на хартија
  • Пушење
  • Нетолеранција на гласна музика
  • Повикување такси наместо користење на апликација
  • Повлекување од гласање на избори
  • Гледање телевизија
  • Користење facebook наместо Instagram
  • Читање книги
  • Одење во црква
  • Разговор на телефон
  • Користење на фотоапарат