Познат е фактот дека жените живеат подолго од мажите, но тоа не беше секогаш така.

Ново истражување откри дека разликите во очекуваниот животен век на жените и мажите започнале да се појавуваат дури во 19 век, пишува LiveScience.

Научниците анализирале податоци за луѓе родени помеѓу 1800 и 1935 година, во 13 развиени земји.

Откриле дека во тој период, стапката на смртност кај жените започнала да се намалува драстично побрзо отколку кај мажите, што доведе до разлики што ги имаме денес.

Тоа е релативно нов демографски феномен кој започнал да се појавува во 19 век.

На пример, кај луѓето родени околу 1840 година, стапката на смртност кај жени и мажи била приближно иста.

Но, веќе кај луѓето родени помеѓу 1880 и 1899 година, стапката на смртност кај мажи на возраст од 50 до 70 години беше околу 1,5 пати повисока отколку кај жените.

Меѓу луѓето родени по 1900 година, стапката на смртност кај мажи на возраст од 50 до 70 години беше скоро двојно поголема од онаа на жените на иста возраст.

Најголемиот виновник за ваквата стапка на смртност кај мажите биле болести на срцето и крвните садови, па токму тоа било причината за 40 проценти од нив.

Биолошки, мажите се подложни на кардиоваскуларни заболувања, но тоа беше забележано само кога стапката на смртност започна да се намалува од некои други причини, како што е инфекцијата.

Исто така, телесните маснотии во машкото тело се дистрибуираат поинаку отколку кај женските, што доведува до различен модел на дебелина, што пак ги прави мажите со прекумерна тежина поранливи при промена на нивото на исхрана или физичка активност.