Секој човек во нашиот живот оставил посебна трага и просто е невозможно со сите да се градат идентични односи.

Кон некои луѓе сме повеќе попустливи, а кон некои не покажуваме многу толеранција.

Субјективните мотиви се многу важен дел од конструирање на еден однос.

Ако кон некого имате повеќе симпатии, ќе му простите повеќе пати работа која на некој подалечен не би му ја простиле ниту еднаш.

Сепак постојат објективни параметри кои одредуваат кога е дефинитино крај во вашиот однос колку и да го посакувате или не тоа:

  • Навлегување во интимна сфера 

Ако некој ве почитува, никогаш нема да ги коментира вашите одлуки.

Во моментот кога некој ќе си даде премногу право да навлегува во вашиот интимен простор, тоа значи дека ве реифицирал, односно почнал на вас да гледа како на „ствар“ а не на личност.

Од таа точка на непочитување враќање нема, колку и да сакате да го дистанцирате односот или „вратите на фабричко“.

Затоа не трошете си залудно време и не се впуштајте во нешто што ќе продолжи да ве измачува и повредува. Кажете „збогум“ достоинствено и заборавете што е можно побрзо на таа личност.

  • Невнимателност 

Некои луѓе со тек на време добро ве запознаваат и сфаќаат што е тоа што ви пречи.

Ако во моменти на лутина го злоупотребат тоа сознание и ве „пипнат на болното место“ тоа значи дека тие сакаат да имаат целосна контрола над вашите емоции – и добри и лоши.

Не дозволувајте никој да се поставува како кормилар над вашето расположение.

  • Интрига 

Ако нема спонтаност во вашиот однос, тогаш нема ни однос.

Чуму ви е човек кој со часови или недели размислува како да ви пристапи, да ве надмудри или да го извлече од вас однесувањето во контролирани услови.

Вие ниту сте експериментално глувче, ниту дете што му треба педагошко воспитување.

Имајте повеќе самопочит и не се враќајте никогаш на такви односи.