Директорката на Државниот пазарен инспекторат, за Фактор вели дека таа од своите колеги пазарни инспектори била известена дека трговците вчера постапувале по одлука која вила донесена од страна на надлежните и во најголем дел ги намалиле цените на основните производи, иако можеби не драстично.

На терен беа пуштени меѓу 50 и 60 пазарни инспектори, бидејќи дел од колегите ги користат годишните одмори. Буквално сите пазарни инспектори што се на работа беа на терен цел ден, изјавија од инспекторатот.

Вчера попладнето конкретните податоци од контролите на инспекторите сé уште се сумираа.

Инспекторите беа цел ден на терен и ја скенираа состојбата, се прават записници, а од првичните информации кои ги сподели инспекторатот до 14.30 часот, е дека трговците веќе ги менуваат цените, односно ги коригираат, и тоа е констатирано во најголемиот број случаи.

Можеби намалувањето на цените не е драстично како што јавноста очекувала, но тоа зависи од тоа за колку треба да се намали маржата, а цените се намалуваа меѓу 5 и 10 отсто.