Симптомите на новиот вид коронавирус, кој Светската здравствена организација го нарече омикрон, се „невообичаени, но благи“, рече јужноафриканската докторка Анџелик Коција, која прва ги предупреди властите во нејзината држава за појавата на новиот вид.

Младите од различни општествени слоеви изјавиле дека чувствувале интензивен замор, а шестгодишно дете имало многу брз пулс.

Таа рече дека околу дваесет од нејзините пациенти добиле позитивен тест со симптоми на новата варијанта. Тие биле претежно млади мажи што имале „неверојатно чувство на замор“. Половината од нив не биле вакцинирани.

Коција ги пријавила своите наоди во неколку африкански медицински здруженија во саботата и јасно им ставила до знаење на колегите дека сите нејзини пациенти се здрави денес, но дека се грижи дека новата варијанта може да биде поопасна за постарите луѓе со коморбидитети.

Вирусот се пренесува, но засега ниту ние ниту лекарите не знаеме зошто сите се толку исплашени, бидејќи сè уште е во фаза на истражување. За неколку недели ќе знаеме каква е вистинската состојба, повеќето од заразените се луѓе на возраст од 40 години и помлади. Она од што сега треба да се плашиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, можеме да очекуваме повеќе случаи на тешки форми на болеста – рече таа за „Дејли Телеграф“.

СЗО претходно објави дека омикрон има 32 мутации во шилецот, што го прави многу заразен и поопасен.