Швајцарците на референдум го поддржаа законот на кој се засноваат сертификатите за Ковид и се применуваат други ограничувања со цел намалување на заразата со коронавирус, објави АФП.

Набргу по затворањето на гласачките места, агенцијата ГФС Берн, која спроведуваше анкети за време на кампањата, предвиде дека гласањето „за“ ќе доведе до победа со 63 отсто од гласовите.

Референдумот се одржа во услови на зголемен гнев поради ограничувањата наметнати од пандемијата и беше придружен со тензии. Неколку политичари беа ставени под полициска заштита откако беа преплавени со бран навреди, па дури и смртни закани.

Швајцарците гласаа за закон усвоен во март, кој ги постави основите за сертификатот „Ковид“, кој сега го користи владата како услов за влез во ресторани и присуство на одредени настани.

Противниците на сертификатите тврдат дека законските измени создаваат систем на дискриминација.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Масовни протести во Белград: Апел властите да преземат повеќе мерки против аерозагадувањето!
Следната статијаНовиот сој на ковид „омикрон“ најмногу го напаѓа срцето!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде