Поскапуваат дел од млечните производи од следната недела. Вакво предупредување добиле дел од трговците. Дел од млекопроизводителите за Телма потврдија дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена. За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

И експертите алармираат дека поскапувањата ќе продолжат, но не очекуваат да има некои сериозни скокови кај цените.

Растот на цените на производите ја вивна и инфлацијата. Според статистиката во август годинава достигна речиси 17 проценти.

Според Бауш постепена стабилизација би имало дури во 2024 година.а минимално да се ублажи ценовниот шок се ограничија маржите кај основните проозводи, се скратија и некои дополнителни трошоци.

Се ограничи и извозот на одредени производи, како на пченицата, брашното, огревното дрво и пелетите. Сепак, и покрај ваквите одлуки процентот на инфлацијата од месец за месец расте. Властите сега најавуваат нов пакет мерки за помош и за граѓаните и за стопанството, до крајот на месецов.