Со одлука на албанската Влада од септември се зголемува износот на минималната плата за 9,5 отсто, а исто така ќе бидат за шест проценти повисоки пензиите, како дел од антикризните мерки.

Минималната плата се зголемува за 2.000 лека (17 евра) и ќе изнесува 34.000 лека (284 евра).

Втората одлука се однесува на 678.000 пензионери, со која се предвидува индексирање со стапка од шест отсто што значи повисоки пензии за 9,5 отсто. Тоа ќе важи за сите категории пензии, изјави албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај.

Таа додаде дека околу 900.000 граѓани ќе имаат корист од зголемувањето на минималната плата и индексирањето на пензиите, мерки преземени во вториот социјален пакет за справување со поскапувањето, што погоди доста албански семејства, особено оние со ниски примања.