Невакцинирани нема да може да гледаат филмови во кино, да присуствуваат на свадби или да седат во ресторани во иста просторија со вакцинираните.
За разлика од Србите кои добија некој динар за тоа што беа послушни и се вакцинираа, кај нас, нема пари, нема награди, па затоа ќе мора да има рестрикции.
Невакцинираните се најголемото зло кога е оваа пандемија во прашање, барем тоа е импликацијата. Нема везе што се уште не постои официјална општоприфатена истрага за потеклото на коронавирусот, нема везе што вакцините се одобрени по итна постапка, нема везе човекови права и избор да не се вакцинираш, ништо не е важно, само е важно да се вакцинираш.
Воопшто не ја разбирам логиката да се сегрегираат невакцинирани од вакцинирани. Ако вакцинираните имаат имунитет и не може да дојде до тешка клиничка слика или смртен исход, значи невакцинираните не претставуваат опасност за нив.
Од друга страна оние кои не се вакцинирале СВЕСНО го прифатиле ризикот да се заразат и да дојде до смртен исход.
Ако сметате дека невакцинирањето е самоубиство, тогаш зошто не воведете смртна казна за самоубиците?
Да, до толку ви се логични рестрикциите како што е логично да воведете смртна казна за самоубиците!
И воопшто не мора да се мачите да смислувате рестрикции кои имаат за намера да ги обележат невакцинираните и на нив да им ги препишат сите несреќи на пандемијата, имате пример од историјата, 100% успешна метода, ставете им на сите по една Давидова ѕвезда и од местата за невакцинирани во рестораните направете гасни комори!
Целиот овој спектакл ме потсетува на „И коњите ги убиваат зарем не“ од Хорас Меккој. Како обичен гледач во публиката може да видите само среќни лица кои танцуваат и се забавуваат, а во позадина се приднудувани на танц во бесконечно траење, гладни, жедни, болни, ама се заради СПЕКТАКЛ.
Сега не принудуваат да бидеме ВАКЦИНИРАНИ и тоа го претставуваат како апел да бидеме ЗДРАВИ, кој знае, може ќе не принудуваат и да бидеме СРЕЌНИ и ќе почнат да ни делат казни, ако случајно некаде не сретнат без насмевка на лицето и весел ОД!
Фејсбук објава на Магдалена Стојмановиќ