Дали некогаш се чувствувате раздразливо и вознемирено, и без очигледна причина зошто? Можеби има врска со вашата исхрана. Истражувањата покажуваат дека она што го јадете влијае не само на вашето физичко здравје, туку и на вашето ментално здравје.

Истражувањата покажуваат дека еден вид храна може да предизвика чувство на лутина и да поттикне стрес, а тоа е онаа која има висока содржина на транс масти, односно заситени масти.

Студијата објавена во „PLOS One“ покажува поврзаност помеѓу потрошувачката на транс масни киселини во исхраната и „раздразливоста и агресивноста во однесувањето“.

Во оваа студија, навиките за исхрана и однесување беа анализирани кај 945 возрасни мажи и жени. Вклучувајќи ги сите важни фактори (пол, возраст, образование, консумирање алкохол и цигари), истражувачите заклучија дека постои јасна врска помеѓу потрошувачката на транс масти и зголемената агресија во однесувањето.

Транс мастите се сметаат за најопасните масти бидејќи го зголемуваат холестеролот и, како последица на тоа, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Овие масти го зголемуваат нивото на LDL, односно „лошиот“ холестерол, а во исто време го намалуваат нивото на „добриот“ (HDL), претворајќи го во штетни масни киселини.

Овој тип на масни киселини се наоѓа во храната која е хидрогенизирана или делумно хидрогенизирана.

Тоа значи дека незаситените масни киселини во храната се модифицираат за да се спречи нејзиното расипување или дури и да се одржи цврста форма на собна температура.

Најголемите извори на транс масти се растителните масла кои се широко користени во брзата храна, готовите оброци, пржената храна и пекарските производи.

Исто така, огромни количини од нив има во помфрит, чипс, пржена храна, пржени колачи, замени за сирење и маргарин.