Доволно е само да внесете мали измени во вашето секојдневие и да почнете да губите тежина.

Прекумерената тежина е сериозен здравствен проблем и е причина за многу сериозни болести пред се од кардио-васкуларна природа.

Ако се соочувате со вишок килограми треба веднаш да преземете нешто, пред се од здравствени причини.

Губењето на тежината не значи ригидна диета, нејадење, изгладување и тренинзи до изнемоштеност.

Напротив доволно е да воведете мали промени во вашата исхрана и да ги почувствувате благодетите:

Замена за засладени пијалоци

Засладените пијалоци се одговорни за внес на најголемо количество шеќер во организмот.

Потребно е да ги отфрлите што е можно поскоро.

Заменете ги со вода во која ќе додадете малку сок од лимон, капки од мандарина или портокал, или цела јагода.

На тој начин водата природно ќе ја засладите со „здравиот“ шеќер.

Убавиот вкус ќе ве наведува уште повеќе да пиете вода, што е најважно кога е здравјето во прашање.

Помалку леб, повеќе салата 

Наместо кришка леб додадете свежо исецкан зеленчук и зачинете го со омилениот зачин.

На тој начин ќе внесете повеќе витамини и минерали, а помалку шеќер.

Грицките заменете ги со кикирики или маслинки

Наместо да се послужите со индустриска храна во која има многу шеќер, направете си вкусна трпеза од кикирики и маслинки.

Овие две намирници се одични за мезе и замена за ужинка, а содржат и „добри“ масти.

  • Пешачење наместо ТВ

Колку и слободно време да имате, не го поминувајте пред ТВ. Земете со себе книга и тргнете во пешачење.

Секоја пауза по 2 изминати километри користете ја да прочитате неколку страници од книгата.

На тој начин воедно ќе се забавувате и ќе правите нешто корисно за себе!