Бесконечните часови што ги поминувате на компјутер воопшто не им пријаат на очите. Сувост, чешање и иритација, главоболка – звучи познато?
За жал, за некои, природата на работата бара од нив да зјапаат на екранот цел ден, и тие навистина немаат многу избор.
Да не спомнуваме колку напор претставува оваа практика за нашите очи.
Ние ви предлагаме неколку вежби за одморање на вашите очи:
Гледајте во темнината
Потпрете се на масата и зјапајте во темната површина. Ако е ноќ, само погледнете низ прозорецот неколку минути.
Ако е ден, затворањето на очите неколку минути исто така ќе помогне.
Гледајте лево – десно
Загледајте се пред вас и без да ја помрднете главата, погледнете налево, потоа надесно. Повторете го ова пет пати во три серии.
Гледајте горе – долу
Иста работа како и во претходната вежба, само што овојпат гледате нагоре и надолу.
Обидете се да се намуртете или спуштите брадата за да извлечете максимум од вежбата.
И тоа го изведувате во три серии пет пати.
Дијагонално движење на очите
Погледнете право напред. Потоа надолу, а потоа лево. Потоа, движете ги очите дијагонално и погледнете нагоре и надесно.
Фокусирајте се на она што го гледате. Повторете ја вежбата пет пати, а потоа погледнете исправено и направете го истиот циклус во друга насока.
Повторете ги сите три пати.
Превртување на очите
Седнете исправено и опуштете се. Погледнете лево и полека свртете ги очите во круг во насока на стрелките на часовникот.
Направете го тоа пет пати, а потоа пет пати спротивно од стрелките на часовникот.
Повторете го целиот циклус три пати.
Фокусирајте се на растојание / близина
Фокусирајте ги очите кон молив или кој било друг предмет во близина.
Треба да биде оддалечено 20-30 см од вашите очи. Потоа погледнете нешто далечно.
Фокусирајте се на тоа и обидете се да го видите детално.
Потоа, повторно погледнете во пенкалото. Променете го фокусот пет пати. Повторете го овој циклус три пати.
Концентрација (прва вежба)
Седнете исправено и погледнете право напред. Фокусирајте се на точката помеѓу веѓите.
Концентрирајте се на она што го гледате неколку секунди.
Потоа, повторно погледни напред. Променете го овој фокус пет пати. Повторете го циклусот три пати.
Концентрација (втора вежба)
Погледнете право напред. Фокусирајте се на врвот на носот неколку секунди.
Потоа, повторно погледнете напред. Променете го овој фокус пет пати. Повторете го целиот циклус три пати.