Корисник на Редит ги прашал готвачите на кои работи треба да се обрне внимание при посетата на ресторан за да ги избегнат лошите ресторани. Корисниците на Редит великодушно ги споделија своите мислења, а некои од нив се претставија и како готвачи, пренесува Дневник.хр.
Подолу ги споделуваме нивните совети, па проверете дали можат да ви помогнат во изборот на квалитетни ресторани.
Еден од најважните фактори е мирисот на ресторанот. Ако почувствувате кисел мирис или мирис на средство за дезинфекција – избегнувајте го ресторанот!
Ако ресторанот има аквариум, добро погледнете го. Ако е чист тоа значи дека и кујната е чиста.
Нечист тоалет значи валкан под и валкана кујна.
Големата понуда значи дека храната е или замрзната, претходно зготвена или повторно загреана. Во секој случај – не е свежо.
Тепихот е лош знак. Ја намалува бучавата и не е лизгава, но е една од најодвратните работи што сум ги видел во ресторан. Со правосмукалка може да се постигне само минимум хигиена
Лебот е важен. Мора да биде со добар квалитет. Ако не можам да направам квалитетен леб, не можам да направам ниту друга храна.