Кога ќе дојде жештината, сите се трудиме да пиеме што повеќе вода, но малкумина знаат што ќе се случи со здравјето ако претераме. Прекумерното внесување вода исто така не се препорачува и може да предизвика многу проблеми.
Велат дека внесот на вода зависи од местото каде живеете, сезоната, телесната тежина, колку сте активни, климатските услови, а лекарите честопати ја истакнувале познатата препорака: на мажите им се советува да пијат 3 литри вода дневно, додека на жените треба да внесуваат околу 2,2 литри.
Се зголемува внесот на вода за време на бременост, доење и некои здравствени проблеми како треска, дијареа, повраќање.
Иако ретко се претера со внесот на вода, сепак има луѓе на кои тоа им се случи со поголема веројатност. Тоа се луѓе кои имаат болести на бубрезите, црниот дроб или срцето, а прекумерната хидратација често им се случува и на спортистите.
Состојбата предизвикана од прекумерно внесување на нормално безопасни материи се нарекува интоксикација и може да предизвика сериозни симптоми:
- поспаност
- мускулна слабост или грчеви
- висок крвен притисок
- двоен поглед
- тешко дишење
- повраќање
- конфузија
- дезориентација
Ако почувствувате некој од овие симптоми, тоа може да биде знак дека земате многу повеќе од препорачаната дневна доза. Покрај тоа, важно е да се знае дека може да се појават напади и губење на свеста.
Посериозни симптоми од овие се секако грчеви во мускулите и чувство на слабост. Последиците од оваа состојба можат да бидат фатални, како што се срцева слабост, откажување на бубрезите и појава на едем во белите дробови.