CC кремот има три својства на крема за сончање, подлога и хидратантна крема во едно. Овој тип на крем е одличен за покривање на темни дамки и црвени дамки, како и за измазнување на тенот. Активните состојки со заштитен фактор ја штитат кожата од оштетување на сонцето, а има и состојки против стареење, витамин Ц, пептиди и антиоксиданси.

Целта на CC кремот е да се спои со вашата кожа без ефект на маска.

Придобивките од CC кремите

Пред се, овој крем ја штити вашата кожа од штетните УВ зраци кои можат да доведат до фотостареење. Се смета за полесна „верзија на пудра“, што ја намалува веројатноста за затнување на порите. Доколку ви треба секојдневно измазнување на вашиот тен и изглед без шминка, CC кремот би бил ваш идеален сојузник во овој случај, пишува Healthline.

Добрата работа е што CC кремот е генерално погоден за сите типови на кожа. Има тенденција да биде помалку мрсна на кожата, што се разликува од кремот ББ.

Како да се користи CC крем?

За да користите CC крем, започнете со чиста и сува кожа. Прајмерот за шминка не е неопходен под CC кремот, тој всушност може да спречи кремот да ја апсорбира и навлажнува вашата кожа.

Нанесете ја кремата на лицето со прстите. Обрнете посебно внимание на областите што можеби сакате да ги сокриете или коригирате бојата, како што се темни кругови под очите или флеки. Ако ви треба повеќе покривање преку CC кремот, можете да нанесете пудра.