Постојано слушаме за важноста на витамините, а често и рекламите нe плашат дека не добиваме доволно од нив, поради што ни се потребни додатоци. Но, дали е тоа навистина така?

Лекарите ги објаснија митовите за овие додатоци во исхраната, еве ги додатоците на кои можете да престанете да фрлате пари!

  • Калциум

Калциумот се препорачува за жени, но жените кои јадат доволно храна што го содржи, не мора да фрлаат пари за додатоци, вели д-р Тасним Батија.

Потребни ви се 400 до 600 милиграми дневно, кои ќе ги добиете во поголема чаша јогурт. Ако јадете повеќе, ризикувате хиперкалцемија, која влијае на срцето и мозокот, наведува таа.

  • Омега-3

Овие масни киселини се важни за коските, мозокот и имунитетот, но мора да бидете внимателни ако земате разредувачи на крв, бидејќи и омега-3 масните киселини го имаат тој ефект.

Земањето на овие додатоци може да доведе до појава на модринки, продолжено крварење, па дури и проблеми со крвните садови во мозокот.

  • Мултивитамини

Не ми се допаѓа решението за, наводно, сите проблеми во едно шише. Има чести реклами за додатоци за жени во форма на мултивитамини, но неопходно е точно да знаете што ви недостасува, па надоместете го со специфичен додаток, рече докторката.

  • Витамин Б6

Многу жени го земаат затоа што во рекламата ќе видат дека го подобрува расположението, го одржува здравјето на кожата, косата … Но, додатоците на витамин Б6 не се за секого.