Виенската туристичка организација отвори сметка на социјалната мрежа за споделување фотографии и видео содржини „OnlyFans“.

Целта на акцијата „Vienna strips on OnlyFans“ е да се претстават уметнички дела кои се класифицирани како порнографија поради голотија и се избришани на воспоставените социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Претплатниците на каналот можат да гледаат дела од виенските музеи, од Вилендорф Венера во Природонаучниот музеј, фотографии од визуелен уметник Вали Експорт во Албертина, да добијат билети за музеите што учествуваат во акцијата или Виенска градска картичка која обезбедува различни видови на попусти во главниот град на Австрија.

Во акцијата учествуваат музеите Леополд, Албертина, Музејот за природна историја и Музејот на историја на уметност.

На социјалните мрежи, алгоритмите одредуваат колку голотија можеме да прикажеме и со тоа често ги цензурираме светски познатите уметнички дела. Затоа го поставуваме прашањето, колку голотијата можеме да толерираме и кој одредува што се смета за навредливо? Во културната метропола во Виена, одговорот е: Чинот е општествено -политички и уметнички дел од историјата на културата, рече Норберт Кетнер, директор на Виенската туристичка организација.