Вашата исхрана треба да вклучува што е можно поголем број намирници.
Колку е поразновидна храната, толку шансите да се здебелите се помали.
Со разновидна храна се стимулира размножувањето на пробиотските култури во цревата со што се подобрува метаболизмот и не доаѓа до таложење на храната.
Неколку правила на исхрана за подобрување на метаболизмот:
Конзумирајте смути барем еднаш во 2 дена
Многу е полесно да ги земете сите состојки преку смути отколку да ги џвакате едно по едно – поединечно.
Во смутито може да ставите многу состојки наеднаш, а мешавината го олеснува процесот на дигестија.
Поради течната состојба во која се наоѓаат намирниците побрзо се апсорбираат во крвта.
Правило на пиење на јогурт
Не се пие само јогурт и не се пие во исто време додека јајдете нешто друго.
Јогуртот доаѓа на крај.
Прво изедете ја вашата чинија, а потоа испијте ја чашата со јогурт.
На тој начин јогуртот ќе стигне до цревата и ќе учествува во разградување на внесената храна.
Се препорачува дури по секој ручек да се конзумира по една чаша јогурт.
Повеќе зеленчук помалку овошје
Сите повеќе го сакаат овошјето од зеленчукот бидејќи е слатко.
Овошјето содржи фруктоза што е исто така шеќер што ве заситува и ве спречува да направите внес на повеќе други намирници.
Правете смути со 40% овошки и 60% застапен зеленчук за подобар метаболизам.