Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави дека на 17 јануари ќе се врати во Русија од Германија, каде што му беше укажана помош откако беше наводно отруен.

Тој на Инстаграм напиша дека целосно закрепнал и дека е време да се врати во Русија, и покрај бројните правни постапки што го очекуваат.

Навални, еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во Германија во август откако се онесвести во авион од Сибир до Москва, наведува „Ројтерс“.