Повеќето парови решаваат да му дадат шанса на нивниот брак во првите пет години од нивниот заеднички живот, пред да решат дека едноставно нема да успее и треба да се разведат.

Истражувањето открило дека луѓето на возраст од 28 до 32 години имаат помала веројатност да се разведат во првите години од бракот.

Овие години се сметаат за идеални за влегување во брачна заедница и даваат поголеми шанси бракот да биде поуспешен.

Претходните истражувања покажаа дека колку подоцна се ожениш толку е помала веројатноста да се разведеш.

Новите податоци покажуваат дека оние кои се венчаат како тинејџери или во раните дваесетти години имаат големи шанси за развод, како и оние кои ќе се решат на овој чекор околу 45-та година од животот.

Кај постарата популација постара од 45 години, шансите за развод се зголемуваат за 5 проценти.