За разлика од луѓето, старите дрвја растат побрзо отколку младите, покажува новото истражување.

Според него, 97% од истражените видови растат побрзо со текот на времето.

Интуитивното чувство за повеќето живи битија, вклучително и нас луѓето, ни вели дека растот е побрз во младоста, а потоа забавува или запира.

Но, во новата студија именувана „Стапката на акумулација на јаглерод диоксид кај дрвјата континуирано расте со големината на дрвото”, објавена во научното списание Nature.

Научниците објаснуваат дека ова не важи за дрвјата и дека, всушност, вистината е токму спротивна.

Старите дрва растат побрзо од младите. Ова е важно откритие бидејќи е спротивно на широко распространетото верување дека големите дрвја не се толку продуктивни како младите кога станува збор за апсорбирање на CO2 од атмосферата.

Големите стари дрвја не се однесуваат само како стари резервоари на јаглерод, туку активно впиваат огромна количина на јаглерод во споредба со помалите дрвја –пишуваат авторите на студијата.

Дури и дрвјата коишто не растат во висина продолжуваат да се шират, така претворајќи го CO2 во кислород во голема мера.

Студијата е остварена во соработка со 38 научници од светот и е базирана на 673.046 поединечни дрва, информациите се обработувани повеќе од 80 години, што укажува на сериозноста на оваа студија.