Стапката на невработеност во Европската унија беше 7,1 отсто во јуни, што е намалување во споредба со мај кога беше 7,3 отсто.

Стапката на невработеност во ЕУ е помала отколку во јуни 2020 година, кога изнесуваше 7,3 проценти, покажаа податоците на Евростат.

Во еврозоната, сезонски прилагодената стапка на невработеност беше 7,7 проценти во јуни 2021 година, што е намалување за 0,3 проценти во споредба со мај оваа година, како и јуни 2020 година, кога беше 8 проценти.

Еуростат проценува дека 14,9 милиони мажи и жени во Европската унија биле невработени во јуни, од кои 12,51 милиони биле во еврозоната.