Според резултатите на една нова студија, печурките имаат способност да комуницираат една со друга и да научат до 50 збора.

Новото математичко истражување идентификувало дека обрасците во електрични сигнали што печурките, навидум, си ги испраќаат една на друга имаат воочлива структурна сличност со човековиот говор и потсетуваат на речник од десетина збора. Истражувачите ги анализирале обрасците на електричните активности кај четири вида: еноки, сплит гил, дух и печурки гасеници.

Во рамките на истражувањето, објавено во списанието „Ројалсосајати опен сајанс“, е откриен пораст на активностите, што потсетува на речник од 50 збора. Исто така е откриено дека дистрибуцијата на овие „должини на зборови кај печурките“ со совпаѓа со дистрибуцијата на човековиот јазик.
Професорот Ендрју Адамацки од Универзитетот на Западна Англија открил дека просечната должина на зборот е 5,97 букви.

Податоците откриле дека видот сплит гилс, кој расте на гнили дрвја, чии тела потсетуваат на бранови на цврсто збиени корали, создаваат „најсложени реченици“. Тоа сугерира на фактот дека печурките можат да користат електрични преносници за размена на информации за храната или за повредите.

Исто така, истражувањето открило дека најголемата активност се пренесува по должината на коренот на печурката, наречен мицелиум.