Повеќе од четири проценти од сите нови случаи на рак во 2020 година може да се припишат на консумирање алкохол, според новата студија објавена во Лансет. Експертите ги анализираа податоците за потрошувачката на алкохол од 2010 година и инциденцата на рак во 2020 година.
Беше земен десетгодишен период на разлика бидејќи многу видови на рак, како што се рак на усната шуплина, гркланот и градите (кај жени), се развиваат бавно и веќе е откриено дека имаат последична поврзаност со консумирањето алкохол.
Од 741.300 нови случаи на рак минатата година, кои би можеле да бидат поврзани со консумирање алкохол, мажите сочинуваат 568.700, а жените 172.600.
Повеќето видови на рак биле рак на хранопроводот, црниот дроб и градите. Речиси 47 проценти од случаите се поврзани со тежок алкохолизам, кој авторите го дефинираа како внес на 60 или повеќе грама етанол дневно, или шест или повеќе пијалоци.
Потрошувачката од 20 до 60 грама дневно – два до шест пијалоци – за кои авторите на студијата сметаат дека се „ризични“, сочинуваат 39,4 проценти од случаите.
Умерено пиење, до 20 грама етанол, придонесе за развој на рак кај 14% од луѓето.
–Итно треба да ја подигнеме свесноста за поврзаноста помеѓу алкохолот и ризикот од рак, рече Хариет Рамгеј, студентка во Меѓународната агенција за истражување на ракот при СЗО.
Според неа, мора да се измислат стратегии за јавно здравје, како што се намалување на достапноста на алкохол, означување на алкохолни производи и забрана за рекламирање алкохолни пијалоци.