Британски и американски научници се здружија за да го испитаат ракот и раните симптоми на болеста, така што ќе можат да го детектираат што е можно порано.

Тие планираат да создадат клетки на рак во лабораторијата и да ги следат од првиот ден.

Ова е само едно од истражувањата на новата меѓународна алијанса за рано откривање на карцином.

Хуманитарната организација на Обединетото Кралство за истражување на рак, универзитетите во Кембриџ, Манчестер, УЦЛ, Стенфорд и Орегон од Соединетите Американски Држави, учествуваа во ова истражување, со цел размена на идеи и технологија во оваа област.

Заедно, научниците се обидуваат да развијат помалку инвазивни тестови како што се крв, дишење, тестови на урина, следење на пациенти со висок ризик и подобрување на техниките за откривање на клетките на ракот во рана фаза.