Во тек е имплементација на планот за имунизација според кој приоритет имаат здравствените работници и тоа од модуларната болница при клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Министерството за здравство утврди нерегуларности и злоупотреби во примена на планот за вакцинација.

Според нивните сомнежи, се вакцинирале и лица кои не биле на списоците по планот за вакцинација. Поради тоа Министерството за здравство ќе иницира истрага и ќе бидат казнувани сите кои учествувале во кршење на правилникот за работа.

Во меѓувреме, владата одлучи да направи договор со руската компанија и да набави 100.000 дози од вакцината „Спутник V“.

Ова владина одлука следува по реакциите на јавноста дека владата има резерва кон руската вакцина и упорно ја одлоговлекува или избегнува нејзината набавка.

Наскоро се очекува да пристигнат и порачаните дози на вакцина против коронавирус од Кина.