Читањето е многу важно за развојот на детската имагинација, мечта, аналитичка и вербална интелигенција.

Изборот на детски книги треба да е многу внимателен, иако не постои „лоша“ книга, сепак некои книги се приоритетни за читање во детскиот период одошто други.

Затоа ви препорачуваме листа на три детски книги кои го помагаат интелектуалниот, емоционалниот и личниот развој на децата:

  • Малиот принцАнтоан де Сент Егзипери 

Малиот принц (француски: Le Petit Prince) — најпознатиот роман на Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година. Романот се печати заедно со низа илустрации, направени од самиот Сент Егзипери, а кои се поврзани со содржината.

Книгата е преведена на повеќе од 180 јазици и продадена во над 80 милиони примероци, со што е една од најпродаваните книги во светот, воопшто.

Помага во формирањето на апстрактното мислење, а децата се запознаваат со формите, асоцијациите, космолошките појави и општите етички принципи.

  • 20000 милји под моретоЖил Верн 

Дваесет илјади мијли под морето (француски: Vingt mille lieues sous les mers) е научно-фантастичен роман на францускиот писател Жил Верн од 1870.

Во романот се раскажува за Капетан Немо и неговата подморница Наутилус.

Оваа книга им помага на децата да ги запознаат новите технички и технолошки поредоци и да размислуваат со љубопитност за иднината.

  • Робинзон КрусоДаниел Дефо 

Робинзон Крусо (англиски: Robinson Crusoe) — роман на англискиот писател Даниел Дефо. Првпат е објавен во Англија во 1719 г. и се смета за првиот англиски роман.

Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик — Англичанец, кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела.

Книгата ги учи децата да размислуваат за условите во кои се наоѓаат, потребата од прилагодување на моменталните услови и за креативноста во употреба на средината која не е автохтон дом на човекот.