Наш денешен предлог за ручек е прженица од зеленчук кој ќе е воедно протеински оброк и содржи доволно минерали и витамини.

Потребни состојки се:

  • Тиквичка
  • 4-5 пиперки по избор (лути или благи)
  • 2 јајца
  • Маслиново масло
  • Вегета, бибер

Начин на подготовка:

Пиперките исецкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во претходно загреаното маслиново масло.

По тоа, исецкајте ја тиквичката на ист принцип како пиперките.

Додадете во смесата од пиперки која е веќе запржена.

Пред да се испржат пиперките и тиквичките целосно, искршете ги јајцата во тањир, а во нив додадете ги зачините.

Изматете убаво и додадете во смесата која се пржи.

Пржете уште неколку минути и тргнете ја прженицата од оган.

Подлужување:

Послужете со павлака, парче сирење или кисело млеко. Млечните производи содржат калциум и протеини што ќе го збогати вашиот ручек.

Секако внимавајте и на избор на леб. Потрудете се белиот леб да го замените со леб со цели зрна.