Никој не сака да се брише после туширање со стара и груба крпа што ја гребе кожата.

Крпите се ткаенина што се користи секој ден и најчесто се мие, поради што брзо ја губи својата првобитна мекост.

Ако имате проблем со крпи што се расипале поради перење, добро би било повремено да ги освежувате со намирници, кои веројатно веќе ги имате во вашето домаќинство.

Сe што треба да направите е да ги ставите крпите во машината за перење. Поставете ја температурата на околу 30 до 40 степени и додадете половина чаша сода бикарбона наместо прашок за перење и половина чаша алкохолен оцет наместо омекнувач.

Можете исто така да додадете неколку капки есенцијално масло за подобар мирис.

Протресете добро пред да ги исушите. Бидејќи е лето, најдобро е да ги оставите да се исушат на воздух во сенка.

Сода бикарбона помага да се подобри бојата и мирисот на крпите, додека оцетот помага да се исчистат насобраните хемиски остатоци и да се омекнат самите крпи.