Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на ковид-19.

Таа, како што пишува, имала малку зголемена температура и болки во коските, по што одлучила да се тестира.

Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да биде инфициран секој. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас – напиша Арифи.