Најочајни беа мајките, кои по секоја цена се обидуваа да ги спасат своите деца.

Така, на аеродромот во главниот град на Авганистан беа снимени шокантни сцени, за кои исто така се пишуваше вчера, а денес се појавија нови снимки на мајки кои фрлаат деца преку бодликава жица кон војниците од Запад.

Никој не остана рамнодушен.

Според извештаите на Скај њуз, висок британски офицер рекол дека жените ги фрлиле своите бебиња преку жица, барајќи од војниците да ги однесат, но дека некои од нив паднале и на жицата.

Тој додаде дека сите плачеле поради сликата на хаосот на аеродромот во Кабул.