Австрија се нашла меѓу најмалку пријателските земји во светот според странците.

Оваа земја го зазела 24-то место од 52 дестинации во истражувањето на „Expat Insider 2022“ кое го објавил „InterNations“.

Алпската земја се наоѓа на трето место по квалитет на живот, но заостанува кога станува збор за пријателските односи со странски државјани.

Австрија се наоѓа на третото место во светот благодарение на добро уреденото општество и систем. Таа се наоѓа веднаш зад Шпанија и Тајван во категориите патување и транзит, здравје и благосостојба и околина и клима.

Меѓутоа, Австрија го зазела 49-то место од 52 места во „индексот на леснотија на населување“. Австрија е многу ниско рангирана во две категории. Се наоѓа на 51-то место за локално пријателство и на 47-то место за гостопримливост. Сите испитаници, странски државјани се согласуваат во едно, треба многу време таму да се стекнат локални пријатели.

Од друга страна, странците даваат исклучително високи оцени и за природно и урбано опкружување. Според анкетите, постои добра достапност на сите дестинации и услуги, сите се согласни дека содржините се над светскиот просек.

Освен достапноста, тие се фалат и со степенот на чување на сите културно историски и природни добра.

Според резултатите од истражувањето, најдобрите дестинации за странците и населување се: Мексико, Индонезија, Тајван, Португалија, Шпанија, Обединети Арапски Емирати, Виетнам, Тајланд, Австралија и Сингапур.

Најлоши дестинации се: Кувајт, Нов Зеланд, Хонгконг, Кипар, Луксембург, Јапонија, Јужна Африка, Турција, Италија и Малта.