Во колоквијалниот јазик многу почесто се користи зборот – душевен мир, кој алудира на оптимална психичка состојба.

А психолозите тврдат дека, психичките болести или пореметувања настануваат токму поради нерасчистени односи.

Додека психоанализата вели дека она што е „скршено“ во минатото тешко може да се поправи поради природните механизми на потиснувањето или свесното заборавање, припадниците на гешталд психологија или хуманистичка психологија сметаат поинаку.

Според гешталд психолозите, минатите искуства може да се преврведнуваат со промена на перцепцијата кон нив.

Хуманистите, пак, сметаат дека човек може целосно да го промени животот од корен и да сврти нов лист.

Ви пренесуваме неколку совети од психолозите како да свртите нов лист и да си обезбедите душевен мир:

  • Не одете таму каде што ве повредиле

Секое негативно искуство останува во меморијата во облик на негативна емоција.

Секогаш кога се враќате на едно место или се среќавате со личноста која ви нанела болка, вие си поттикнувате бран негативни емоции кои деструктивно влијаат врз вашата свест и психичка состојба.

Затоа раскинете си сите асоцијации со оние кои ве повредиле и дајте шанса и простор на нови луѓе и случувања.

  • Јасни емоции

Не можете да се натерате ниту некој да сакате, ниту некој да мразите, а најлошо е некој во исто време и да ве привлекува и да ве одбива од себе.

Според психолозите прво треба да расчистите со личноста која кај вас буди амбивалентен однос, а потоа и да признаете емоции.

Во ред е да признаете дека некого не можете да сакате и покрај тоа што ви е многу близок во животот.

Јасните емоции се клучот на совршено психичко здравје!

  • Трошете време на оние кои ги сакате, а не оние кои не ги сакате 

Сите во животот имаме луѓе кои ги сакаме или кои не ги сакаме.

Но не трошете време да ги коментирате или посветувате внимание на луѓето кои не ги сакате.

Стимулирајте ја љубовта, а не гневот и омразата во себе.

Зборувајте за убави моменти со луѓето што ги сакате, креирајте убави случки и настани, забавувајте се бесконечно и останете во однос во кој може да бидете комплетно свои.

Автор: Магдалена Стојмановиќ