Петре Мито Андреевски, многу повеќе познат како Петре М. Андреевски е роден во Слоештица, Демирхисарско на 25 јуни 1934 – Скопје, а почина на 25 септември 2006.

Тој е македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор.

Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи.

Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн.

Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Стихозбирки:

  • Јазли (1960)
  • И на небо и на земја (1962)
  • Дениција (1968)
  • Дални наковални (1971)
  • Пофалби и поплаки (1975)
  • Вечна куќа (1987)
  • Лакримариј (1999)

Збирки раскази:

  • Седмиот ден (1964)
  • Неверни години (1974)
  • Сите лица на смртта (1994)
  • Боеми (посмртно)

Романи:

  • Пиреј (1980)
  • Скакулци (1983)
  • Небеска Тимјановна (1988)
  • Последните селани (1997)
  • Тунел (2003)
  • Бежанци (посмртно)

 

Книга со драми (1984), во која влегуваат:

  • Време за пеење
  • Богунемили

Есеи:

  • Сегашно минато време (2006)

Стихозбирки за деца:

  • Шарам барам
  • Касни порасни (сликовница)