Во текот на првите неколку дена од 1709 година, температурата нагло опаднала – што не е невообичаено за европска зима. Но, во 1709 година тоа не било обична зима.

Кога осамнало утрото на 6 јануари, континентот бил замрзнат од Скандинавија до Италија и од Англија до Русија и не се загревал во следните три месеци.

За време на најлошата зима во последните 500 години, имало недостиг на храна, што – покрај екстремниот студ – било причина за стотици илјади смртни случаи само во Франција.

Англискиот научник Вилијам Дерам напишал: „Верувам дека мразот е поголем од кој било друг што луѓето го паметат“.