Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел
И ако користите продолжен кабел, внимавајте на следниве работи:
– Редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги при секој знак на оштетување.
– Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина.
– Секогаш оставајте доволно простор околу уредот за топлината да не допре до некој предмет.
– Секогаш исклучувајте ги сите уреди што не се во употреба.
Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите секогаш се согласуваат за следново:
– Чувајте ги големите апарати подалеку од ѕидот за да не се акумулира топлина.
– Полначите за телефон или лаптоп секогаш треба да се исклучуваат од ѕидот.
– Кварцните печки не ги покривајте со крпа и не ги чувајте во близина на кревет или фотелја.
– Не излегувајте од дома додека работат апаратите, ниту само да скокате до куќата на соседот.
Според експертите, полначите за мобилни телефони и лаптопи се на врвот на листата на најчести причини за пожари. По нив следат непрекинати горилници на шпоретот и фрлени догорчиња од цигари кои се уште тлеат.
Иако на сите им изгледа како претерување, експертите редовно апелираат да се исклучи телефонот или полначот за лаптоп кога телефонот или лаптопот не се полни.
Како што објаснуваат, доколку полначите постојано се приклучени на струјата, постои голема можност во одреден момент да се прегрее и последователно да дојде до пожар.