Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.

Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака на КЗБ – да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Анализирајте го хуморот и дознајте дали можеби страдате од гелотофобија?
Следната статијаПонеделник е неработен ден за дел од граѓаните

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде