Минатата недела 29.000 луѓе починаа во Европа како резултат на инфекција со корона вирус. Тоа значи дека еден човек умира на секои 17 секунди, предупреди Ханс Клуж, директор на Светската здравствена организација за Европа.

Тој нагласи дека повеќе од четири милиони нови случаи на инфекција се регистрирани само во ноември.

Досега во Европа починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони случаи на инфекција со коронавирус, рече Ханс Клуге.

Тој исто така нагласи дека бројот на смртни случаи се зголемил за 18% во претходните две недели.

Ако минатата недела починале 29 000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од коронавирус. Во моментов, околу 4500 луѓе умираат секој ден. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи – предупреди Клуге.