Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер.

Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала, а кон крајот на денот со значителна облачност. Попладне ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 12 степени.