Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 33.000 жители.

Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Сан Марино е една од најмалите независни држави во Европа и има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште на сила. Економијата на државата воглавно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци.

Сан Марино, исто така, нема аеродром иако е опкружен со италијанско земјиште. Како петта најмала земја во светот, Сан Марино не страда од непристапност бидејќи е на само околу 14 километри од познатиот меѓународен аеродром „Федерико Фелини“.