Иако генералниот совет е да се пијат течности на високи температури и да се јаде течна храна, главно се мисли на вода, а не на засладени течности или течности што содржат во себе алкохол.

Во текот на летото задолжително е да испиете 2 литри вода, доколку не внесувате алкохолен пијалок или не јадете тешко обработлива храна.

Во случај да сте испиле неколку чашки алкохол и сте внеле храна која потешко се процесира, тогаш треба да ги зголемите дозите на испиена вода, барем за 1 литар.

Освен тоа што постои оптимална количина на испиена вода, постои и правило на внесување на водата, така што таа ќе биде целосно употребена за детоксикација или варење.

Пијте по неколку голтки вода на секои 10 минути. Но пред јадење задолжително испијте една чаша од 250 милилитри вода во која не е додаден мраз или не стоела во фрижидер.

Таа вода ќе ви помогне во варење на внесената храна за време на оброкот, но и ќе ве ориентира да не се прејадувате.

Водата во системот за варење испраќа сигнали до центар за глад порано отколку само кога внесувате храна.

Плус, многу често чувството на глад настанува поради дехидрација и телото бара внес на водата преку храна.

Со цел да избегнете дехидрирање пијте повеќе вода и задолжително по една чаша непосредно пред самиот оброк, но и не по него.

Испиена чаша вода по оброкот само ја разредува желудниковата киселина и може да го успори варењето на храната.