Многу важни процеси во телото бараат цинк. Овој суштински минерал е потребен за синтеза на ДНК, заздравување на раните, згрутчување на крвта, имунитет, метаболизам и раст.

Вашата способност за вкус и мирис исто така се потпира на цинкот.

Девет намирници богати со цинк
  • Пилешко
  • Остриги
  • Тофу
  • Јаткасти плодови и семиња
  • Мешунките
  • Јогурт, млеко, сирење
  • Житарици (цело жито)
  • Печурки
  • Црвено месо

Цинкот е минерал во трагови, па затоа на нашето тело му требаат само мали количини, па доволно е да ги користите овие 9 намирници и нема да ви требаат ни суплементи.

Тоа исто така значи дека недостатокот на цинк е редок, особено ако јадете разновидна храна, но вегетаријанците, бремените жени, луѓето со дигестивни нарушувања како што се Кронова болест или улцеративен колитис или оние со хронична злоупотреба на алкохол се изложени на поголем ризик од несоодветен внес на цинк.