Ноќта меѓу сабота и недела часовниците треба да се вратат еден час назад, бидејќи завршува летното сметање на времето! Започна на 27 март, а ќе заврши во недела на 30 октомври во три часот по полноќ. Времето во 3 часот во недела на 30 октомври ќе се смета за два часот, согласно Законот за пресметување на времето.
Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето, но доколку сè уште имате аналоген приказ на времето или некој постар уред што „не може“ да го направи тоа автоматски, не заборавајте да ги поместетеи стрелките наназад еден час, од 3:00 до 2:00 часот.
Се уште не е постигнат договор за предлогот на Европската комисија од пред четири години за укинување на сезонската промена на часовниците во последната недела од март и октомври. Во 2019 година предлогот беше поддржан од Европскиот парламент, но треба да биде усвоен од земјите-членки.