Коментирајќи за иднината на Берлинскиот процес, кој таа го иницираше за приближување на Западен Балкан до ЕУ, Меркел рече дека е оптимист дека нејзиниот наследник како канцелар, кој и да е, ќе продолжи да ја развива својата идеја.

Меркел предупреди и на важноста на правниот систем на патот кон ЕУ. Вучиќ даде ветување за тоа, рече таа и додаде дека во него препознала личност која „не дава лажни ветувања“.

Во секој случај, веќе може да се заклучи дека политиката на Ангела Меркел кон Западен Балкан ќе биде контроверзен дел од нејзиното политичко наследство. Меркел не успеа да го направи регионот јасно поврзан со ЕУ, истовремено толерирајќи го колапсот на демократските стандарди.

Од друга страна, тоа е само мал дел од нејзиното политичко наследство, со оглед на тоа што Меркел владееше со Германија четири мандати, дури 16 години.