Првата дама на САД, Меланија Трамп, во вторникот го одржа својот прв независен предизборен митинг за поддршка на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, недалеку од Филаделфија.

За време на својот говор, Меланија Трамп, пред неколку стотици приврзаници, го нападна демократскиот претседателски кандидат eо Бајден и медиумите, пофалувајќи го досегашниот учинок на нејзиниот сопруг.

Првата дама, бранејќи го пристапот на Трамп во борбата против корона вирусот, се обиде да ги минимизира ризиците што ги носи за американското општество епидемијата во која досега 226 000 Американци ги загубија своите животи, објави АП.

Таа се обиде да ги обвини демократите затоа што, според неа, тие ги ставаат своите лични интереси пред благосостојбата на американскиот народ и се фокусираат на „лажните барања за отповикување на претседателот“, наместо на епидемијата на вирусот корона.