Министерството за здравство ќе регрутира медицински персонал кој во моментот е на располагање на АРМ за вклучување во борбата против епидемијата поради дефицит на медицински лица:

На денешната седница, Владата не задолжи како Министерството за здравство да спроведеме постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи. Исто така, донесен е и заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на здравствени установи во државата, нашиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил.