Тоа е ветеринарен лек наменет за коњи, кој чини околу седум долари, а некој заклучил дека е ефикасен и против корона и кај луѓето.

Една нова студија покажа дека лекот „ивермектин“ може силно да влијае на плодноста кај мажите.

Истражувачите од три универзитети во Нигерија проверија како „ивермектин“, инаку ветеринарна терапија (која луѓето сами ја пијат против корона), влијае врз спермата кај мажите.

Податоците покажаа дека дури 85% од мажите кои го земале овој лек за коњи – останале стерилни, пренесува порталот NewsChannel8.

„Ивермектин“ најчесто се користи против паразити кај животните, а некои луѓе го земаа за борба против ковид, и покрај предупредувањата од експертите да не го прават тоа.

Дури и во таа прилика, Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде соопштение и посочи дека не го одобрува „ивермектин“ за третман на корона кај луѓе или животни.