Обичаите кои со децении се негуваат во Кичевско-бродскиот и Мавровскиот регион за верскиот празник Водици, се изучуваат и на најпознатите европски универзитети.

Колку се автентични обичаите за верскиот празник Водици зборува и фактот што за нив владее голем интерес на речиси целиот европски континент, а најдобра потврда беше посетата на професорката од Универзитетот од Краков, Јохана Рехас.

Уште поголем интерес за овој празник пројави професорката од Универзитетот во Будимпешта, Ана Марија Болја, која три години присуствуваше на Водици во село Лавчани, а при вториот престој за Водици, во придружба беа и студенти од универзитетот.

Водици се вистинско богатство за сите оние кои што имаат можност да ги доживеат и да бидат присутни на самото одбележување, кога во село Лавчани бројот на жители повеќекратно се зголемува и покрај локалните жители тука доаѓаат пријатели, познаници и гости од сите краишта во земјава па дури и од странство, вели жител на село Лавчани.

На гостинката од унгарската метропола не и пречеше ниту студот ниту старите куќи од кои напротив таа беше воодушевена, а најмногу се одушеви од капењето на кумовите во коритата од селските чешми и како што самата рече

Нам и без ова капење ни беше студено, а можете да замислите како се чувствуваат водичарските кумови во студените води целосно намокрени, додаде жител на село Лавчани, еден од домаќините на професорката Болја.