Педагогијата е наука за воспитување. Во составот на зборот педагогија има два збора, пајдос или педос што преведено од ст. грчки значи дете и гогија што значи водење за рака.

Во буквален превод педагогија значи водење на детето за рака низ животот од страна на повозрасниот.

Примарната воспитна функција на децата ја има семејството, пред се родителите.

Но за педагошката дејност да има и малку смисла треба работата со детето да ја започнете уште во пренаталниот период.

Постои една интересна изрека на педагозите, дека она што лошиот педагог ќе го направи врз детето во детството, ќе мора да го исправа многу добар психолог во одмината возраст!

За оние кои се подготвуваат да станат родители, им предлагаме неколку совети како да не прават воспитни катастрофи:

  • Проценка на вашата инволвираност 

Родителот не треба да е преинволвиран во животот на детето, но не треба да е и целосно исклучен. Двата екстеми создаваат дисфункционална личност.

Ако сте премногу посесивни кон своето дете и не го оставате само да додјде до решение на некој проблем, никогаш нема да има прилика да ја развие својата моторичка, вербална, аналитичка интелигенција и сл.

Карактерно тоа значи производство на зависни поединци кои цел живот ќе гледаат некој друг наместо нив да ја заврши нивната работа.

Доколку сте сосема незаинтересирани и не му пружате помош на детето во совладување на некои несовладливи ситуации, тоа ќе изгуби верба во луѓето околу, но и во себе.

Секако тоа ќе се одрази и со заостанување во нормалниот когнитивен и емоционален развој.

Направете реална проценка колку треба да бидете инволвирани во животот на вашето дете, нека ве има баш толку колку што е токму!

  • Комуникација

Вашето дете треба да разговара со вас за сите прашања, но не може да разговара како сака, кога сака и само да го избира начинот на кој ќе ви се обрати.

Комуникација родител – дете секогаш треба да се постави како однос на авторитарност на родителот.

Детето треба да има слобода да комуницира со својот родител, но треба секогаш на него да гледа со почит, не како на рамноправна единка.

Само така детето ќе го разбере вистинското водство низ животот.

Во спротивно ќе создадете суштество кое нема да има животен ориентир, а уште помалку вредносен!

Исто така родителот не смее да си дозволи со детето да комуницира девалвирајќи го.

Од ваша уста никогаш не треба да излегуваат зборовите: „Не те бива“ , „Не си способен за ништо“ , „Ист си како мајка ти / татко ти“ и сл.

На тој начин ќе направите големо оштетување емоционално кај детето.

Кога детето ќе ве „замрази“ или гледа како „опасност“ која му создава емоционална болка автоматски сте ја изгубиле улогата на авторитет и водач на кој треба да му се верува, а не од кој треба да се плаши!

  • Желба 

На детето треба да му се исполнуваат желбите и потребите, но само доколку се артикулирани!

Ако детето ви објасни дека сака играчка бидејќи таа играчка ќе му развие нова игра, ќе му донесе забава, има преференци кон шминкање и дотерување на куклите, тогаш исполнете му ја желбата и внимавајте на неговата игра.

Преку начинот на кој се играат децата одредуваат за што имаат интерес, дар и што може да станат во иднина (кога ќе пораснат).

Но доколку детето само влезе во продавница за играчки и сака да му ја изнесете цела инаку имате нервозни сцени на плачење и гушкање на подот, немојте да преговарате и не му исполнувајте ниту еден од неговите набројани избори!